Според последните информации капитенот на нашата ракометна репрезентација Кире Лазаров ќе биде на клупата за вечерашниот меч со Чешка, кој стартува со почеток од 20:30 часот.
Победа во овој меч ќе значи полуфинале на дофат за нашите ракометари. Сеуште нема јасни информации за повредата на нашиот капитен.
Според неофицијални информации на “balkan-handball”, тешко може да се очекува дека Кире ќе заигра на теренот.
Чесите од друга страна се засилија на позицијата пивот. На Земан и Петровски, им се придружи Петр Шлахта.