На 04.08.2017 година, се одржа средба помеѓу Дарко Чатлески секретарот и менаџер од “Про Бокс Македонија” и промотерот Тони Тољ од “Dragon Fire Promotions” од Австралија, една од најдобрите промоции во Австралија.
На средбата се разговараше за начинот на работа на професионалниот бокс во Македонија и Австралија. Цел на оваа средба беше започнување на соработка помеѓу Македонија и Австралија во професионалниот бокс.
-На средбата разговаравме за начинот на менаџирање на про боксерите и начинот на организирање на професионални боксерски настани. Заедничка цел во блиска иднина ни е пласирање на македонски боксери во Австралија и обратно, како и организирање заеднички организации.
Нашата соработка со промотерот Тони Тољ и менаџерот Ангело Хајдер од промотерста куќа “Dragon Fire Boxing” придонесува за унапредување на професионалниот бокс во Македонија. Од наша страна им доделивме плакета за успешен заеднички почеток во професионалниот бокс помеѓу Македонија и Австралија”, истакна Дарко Чатлески.
“Горди сме што ги имаме за партнери Дарко Чатлески и “Про боксинг Македонија” во нашата Dragon Fire фамилија, многу заслужен човек …со нетрпение го очекувам развивањето на професионалниот бокс во Македонија”, истакна промоторот од Австралија Тони Тољ.