Се чини дека и покрај тоа што Ескобар одамна е мртов, нарко бизнисот во Колумбија никогаш не запре. Најново нешто што доаѓа од таму е тоа што полицијата на Колумбија пред некој ден успеа да фати, замислете, електрична подморница, која била користена за пренесување пратки со кокаин.
Товарот кој го носела во неа, заедно со подморницата вределе половина милион долари, а нејзиниот вкупен капацитет е до 4 тони.
Подморницата била фатена во близина на границата со Панама, а таа се движела со помош на 100 батерии кои биле вградени во неа.
А/Г/