ЧУДО! Без 51-годишниот голман, РК ”Прилеп” изгуби 11 голови разлика и пропадна на дното од табелата

И Вардаровите јуниори преголем залак на патот до опстанок за РК Прилеп. Во денешниот плеј-аут натпревар за опстанок во ракометната Супер лига, РК Прилеп загуби на гостувањето кај Вардар јуниор со огромни 11 гола разлика.

Крајниот резултат на семафорот беше 34:23 (20:13 на полувремето). Со овој резултат РК Прилеп сега се наоѓа на самото дно од табелата и е пред сериозен предизвик да опстане во суперлигашкото друштво.

Вардар јуниор има дури и меч помалку од прилепчани, па битката за опстанок уште повеќе е комплицирана на нив.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.