ЧЕСТО СТЕ ЈА ГЛЕДАЛЕ, НО НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ ШТО ОЗНАЧУВА: Eве што претставува сликата која се појавува кога има прекин на програмата

Оваа слика често сте ја гледале, но сигурно не сте знаеле што означува. Таа се појавува кога има прекин на ТВ програмата и составена е од шарени квадрати, правоаголници и линии.

Подредени во еден круг, правоаголниците и линиите претставуваат тест карта или тест шаблон.

Овој телевизиски тест сигнал главно се емитува во моменти кога трансмитерот е активен, но не емитува програма.

Сликата ја следи и едноличен синусен тон, но некои телевизиски станици во позадина пуштаат и радиосигнал или инструментална музика.

Вакви тест картици се користеле од самиот почеток на телевизијата. Најпрво тоа биле картици со кои била управувана камерата, а главната цел било управувањето на камкордерот и калибрацијата на екранот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.