Над 10.000 граѓани до 23.00 часот ја потпишале петицијата против Законот за употребата на јазиците.
“Денес имаме флагрантно кршење на Уставот. Денес СДСМ и Заев ја поништија волјата на граѓаните. Од оваа одлука никој нема да живее подобро. Само затоа што две партии се договориле, изгласаа неуставен и штетен закон. Ваквиот чекор е удар врз соживотот, некој свесно не турнува во сценарио во кое влогот е Македонија.
Помогнете Уставниот Суд да знае дека МНОЗИНСТВОТО Македонци и Албанци се ПРОТИВ овој закон. Споделете и пратете по пријатели за да не има во што поголем број кога оваа петиција ќе биде испратена до Уставниот суд!!! “