Црна Гора скапа како Монте Карло: Надуени цени кои мора да ги знаете доколку летувате таму!

ulcinj-plaza-more-turisti_800

Лето во Црна Гора – дупка без дно! Спремате куфер и мечтаете за сончање на плажа, со ладно пиво или лимонада, но немојте премногу да се опуштите, затоа што така многу лесно ќе останете со празни џебови за неколку дена.

Дневно ќе потрошите од 15 до 50 евра само за лежење на плажа, и тоа без пијалок!

Доколку сте замислиле деновите да ги поминете под чадор, на удобни лежалки, за две лица дневно ви е потребно да одвоите дури до 100 евра за комплет од две лежалки на некои елитни плажи, додека за обичните “смртници” кои би сакале да одмараат на плажите во Котор, Будва, Херцег Нови, цените се движат од 8 – 50 евра.

Можете да изнајмите педалинка на пола час, но прво распрашајте се за цената, затоа што тие варираат од плажа до плажа, во глобала се движат од 5-15 евра. Ако се опуштите со ладен пијалок, не се опуштајте исто така, затоа што келнерите на плажа ќе ве одерат и ќе ви наплатат за точено пиво и до 2,5 евра. Немојте да се изненадите кога после сончање ќе посакате да се истуширате, затоа што и за таа услуга ќе платите 50 центи.

Ако решите малку да заштедите и на пат до апартманот свратите до самопослуга, одете во големите маркети, затоа што цените се приближни како во Македонија. Меѓутоа, ако сепак залутате во некоја мала локална продавница, припремете се, затоа што за 100 грама кафе ќе платите минимум 1,5 евра. Нормалната цена на лебот е околу 60 центи, но во некои самопослуги стигнува и до 2-3 евра, додека свинското место чини од 4-6 евра по килограм.

Сувенирите се движат од 15-20 евра, а обични маици на шеталиштата чинат од 3-5 евра, кои после едно перење можат да служат само како крпа за бришење прашина.

 

Сигурно не замислувате за време на целиот одмор да готвите ручек секој ден, па понекогаш можете да издвоите до 9 евра за пица, или од 5-7 евра за некое јадење од дневното мени.

Кога сето ова ќе го ставите на вага и ќе пресметате, размислете дали ќе понесете конзервирана храна од Македонија, па така да летувате 5-6 дена повеќе, или ќе живеете 7 дена како цар, а подоцна ќе жалите.
А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.