Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ денеска повторно се соочиле на суд, поради приватната кривична пријава која ја поднела Јелена. Обидот за помирување не успеал, судењето било одложено, а пејачките ќе бидат известени за наредното рочиште – пренесува српски “Телеграф”.
И Јелена и Цеца се појавиле во Првиот основен суд, а во судницата се задржале многу кратко, бидејќи на судијката на која и бил доделен предметот починала на почетокот од април.
Двете дошле насмеани, Јелена во црна комбинација, а Цеца во поведри бои, додека нивните обожаватели ја искористиле приликата да се поздрават и фотографираат со нив.
Па така Јелена пред судницата делела автограми, а Цеца добила и мече за поклон..