Цените на горивата повторно ќе пораснат: Дали од полноќ повторно ќе возиме на поскапи горива?

Од полноќ најверојатно повторно ќе возиме поскапи горива. Движењето на цената на суровата нафта на светските берзи и отвора простор на Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне да изврши нагорна корекција на цените.
Цената на суровата нафта на светските берзи петокот го заврши со раст од 1,8% или нешто под 64 долари за барел.
Оваа цена е за околу 1,5 долари повисока од цената врз основа на која Регулаторот пред две недели ги формираше малопродажните цени на нафтените деривати.

Во вакви услови за очекување е мало поскапување на горивата во малопродажба.

Дополнително, во текот на неделата се очекува и одлуката на ОПЕК за продолжување на спогодбата за намалување на производството. Доколку ова биде поддржано и од Русија извесно е дека цените на нафтените деривати дополнително ќе пораснат.

Од Нова Година во Македонија расте и акцизата за дизелот и тоа за 3,5 денари по литар. Викендов ова законско решение помина и во Собранието.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.