Цел град против БЕГАЛЦИТЕ во Прилеп! Само советниците од СДС против народот!?

21013469_10212106867138413_1075545441_n

Трет ден прилепчани масовно ја потпишуваат граѓанската иницијатива против Нацрт-Стратегијата на Министерството за труд и социјална политика за интеграција на бегалци и странци 2017-2027.

Редици граѓани деновиве се собираат пред штандот на плоштадот “Методија Андонов -Ченто” во центарот на градот, каде го даваат својот потпис против доселување на мигранти од Блискиот Исток во нивниот град и изградба на стамбени згради за домување.

21013275_10212111918784701_1933678437_n

Медиумите пишуваа дека оваа стратегија на министерството опфаќа изградба на 14 стамбени згради во близина на прилепските касарни, простор кој ќе биде населен со нови соседи за прилепчани.

И додека експресниот пат Прилеп-Градско, реконструкцијата на старата градска чаршија, новите спортски сали во oсновните училишта “Блаже Конески”, “Кире Гаврилоски” и “Кочо Рацин”, реконструкцијата на спортската сала “Македонија” …., беа проекти кои не наидоа на поддршка кај владата на СДСМ, овој проект е главен и единствен кој се подготвува за Прилеп.

20988105_10212111914624597_872464788_n

Минатата недела советниците  од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” иницираа дебата во Советот на општината по оваа стратегија и кажаа не за истата, од друга страна советниците од СДСМ ја напуштија седницата и се откажаа од дебата.

Граѓаните видно револтирани и гневни по ова прашање се обединија околу граѓанската иницијатива “Будење” и побрзаа да ги дадат своите потписи против мигранти во градот под “Maрковите Кули”.

Стравот кај нив особено е голем, ако се има во предвид дека во овие групи мигранти кои изминатите години се населија во западно-европските земји, имаше и такви кои претходно војуваа на боиштата на страната на Исламска Држава.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.