Американскиот национален совет за информирање во соработка со ЦИА ја објавил „Мапата на иднината – 2020 година”. Во овој проект се предвидува и можно сценарио во кое Европската Унија ќе се распадне, по што Европа ќе се подели на три блока.
Западниот би го чинеле Германија, Франција, Велика Британија, Ирска, Австрија, Италија, Шпанија, земјите од Бенелуксот и Скандинавските држави.
Другата Унија би била Нова Европа чии членки според предвидувањата се Естонија, Летонија, Литванија, Чешка, Словачка, Полска, Унгарија како и Словенија и Хрватска на југот преку кои „католичката источна Европа” би имала излез на Медитеранот. Атлантскиот сојуз, според предвидувањата на Американците, би требало да има контрола над овој дел од Европа.
Источна Европа, односно со „Православнавната унија” ќе господари Русија, а ќе ја сочинуваат Украина, Белорусија, Грузија, Молдавија, Романија, Бугарија, Грција, Македонија, Србија, Црна Гора, но и Босна и Херцеговина. Кога Албанија е во прашање, проценките на Американците се поделени – или Русија со својот капитал ќе ја приближи до источна Европа или ќе остане под контрола на НАТО и САД.
Слични предвидувања изнела и познатата америкснакаа невладина организација „Стратфор”. Покрај Русија како регионална сила (исток), тие сметаат дека ЕУ наскоро ќе се распадне на два дела, и тоа: побогат западен дел и група на мали земји во централна Европа кои воено ќе му се приклонат на Вашингтон. „Православната унија” нема повеќе да постои заради „православното братство”, туку ќе биде „гасна унија” чија основна цел на формирањето ќе бидат финансиите.
Дали може да им се верува на овие прогнози?
Геополитичките стручњаци се сложуваат дека доаѓа времето на повеќеполарен систем, со неколку центри на моќ и дека САД и НАТО во инднина нема да ја водат главната улога на секоја сцена.
Треба само да се присетиме на минатогодишната желба на НАТО сојузот, како што беше поставувањето на антиракетен штит во Чешка и Полска и ширење на Алијансата во Грузија и Украина. Овие теми во Вашингтон и Брисел денес скоро и никој да не ги споменува.
Всушност, кога францускиот политичар Емануел Тод го предвидел распадот на Советскиот Сојуз во 1976 година, 15 години прд тоа да се случи, луѓето му се смееле. Но денес, кога се говори за распадот на ЕУ по Брегзит, смеа никаде нема.
„Набуко” тргнат на страна
Се поизвесно е дека Русија станува апсолутен господар на енергенсите. Гасоводот „Набуко”, проект вреден повеќе од милијарда евра кој би требало да ја намали зависноста на ЕУ од Рускиот гас, е тргнат од листата на приоритети на Брисел и тоа на инсистирање на Ангела Меркел.
Смртоносниот удар на овој прокет го задал скорешниот договор помеѓу азербеџанското раководство и рускиот магнат „Гаспром”, според кој Азербеџан, од кого се очекува да стане снабдувач на Набуко, се определил за гасен сојуз со Москва.
Извор: Инфомакс