Хуманоста ги обедини прилепчани: Група млади луѓе одново го израдуваа социјалното семејство од Долгаец (ФОТО)

Трагичната судбина на семејството од село Долгаец во општина Долнени изминатиов период ги обедини сите кои беа желни да помогнат и да ја вратат смислата за живот во нивните срца.

Група млади луѓе носени од идејата за хуманост и добрина денеска по втор пат го посетија семејството.

Од собраните средства тие донираа шпорет и машина за перење за ова семејство, апарати кои им беа најнеопходни во домот.

Дејан Трајкоски кој е еден од иницијаторите на акцијата, се заблагодари на сите хумани граѓани кои донираа и придонесоа оваа акција да се реализира.

 

За семејството од село Долгаец помош пристигнуваше од сите страни, а нивни најгорлив проблем сеуште претставува дотраената стара куќа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.