Хуманитарен концерт за Виолета Митрикеска од Прилеп

19397038_1132646053507655_7006293606478649893_n

Виолета Митрикеска од Прилеп веќе 4 години боледува од редок вид на канцер на абдомен и се бори со болеста. Се работи за специфична болест која постојано се повторува и покрај трите операции кои ги имала, а ќе следува и четврт хирушки зафат. Лекувањето за нејзината болест чини 60 евра дневно или 1800 евра месечно, средства кои семејството Митрикески не може да ги обезбеди од својот џеб. Ги повикуваме сите хумани граѓани кои се во можност да помогнат и да донираат.

 

За спас на нејзиниот живот се обединија и музичарите од нашиот град, кои на 29.06.2017 (четврток) со почеток од 21 часот во Домот за култура “Maрко Цепенков” во Прилеп, организираат хуманитарен концерт.

Под слоганот “Да бидеме хумани” ќе настапат “Crossroad Blues Band”, “Banda Band” и “High Start”.

Цената на билетите изнесува 100 денари.

 

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.