Хулигани 3 дена го уништуваат спортскиот комплекс во ОУ “Гоце Делчев” (ФОТО+ВИДЕО)

Спортскиот комплекс кој беше пуштен во употреба на почетокот од школската година, на радост на учениците во ова училиште и на жителите на населбите Марино Маало и Кузман, изминатите денови е запоседнат од хулигани кои се изживуваат врз спортските објекти.

Според наши информации, три последователни ноќи група од 8 маскирани лица на возраст од 17-22 години, во периодот од 23-24 часот го тероризираат спортскиот комплекс во основното училиште “Гоце Делчев” во Прилеп.

Според информациите се работи за добро обучени лица, кои знаат што прават и кои според фотографиите и видеата од сигурносните камери на училиштето добро “се забавуваат”.

Најновите информации се од синоќа…

Имено, изминатата ноќ во 22:58 часот , групата дошла во училишниот двор и најпрво се упатила кон доводот за воздух на балон салата која е дел од овој спортски комплекс, каде најпрво го прекинуваат доводот, а потоа и се качуваат врз балонот како на некоја планина и го истишуваат. Групата за време на целиот чин била координирана од едно женско лице кое стоело на игралиштето.

Ноќниот чувар реагирал на тоа, при што групата му светела со батериска ламба во очите, со цел да не бидат забележани. Притоа била известена и полицијата, како и директорот кој веднаш пристигнал во училиштето.

Но, ваквите дејствија се случувале и изминатите ноќи, кога хулиганите се обиделе да ги уништуваат и заштитните огради и реквизити на мултинаменското новоасфалтирано игралиште.

Се очекува надлежните органи да го расветлат целиот случај и да ги откријат сторителите.

Ваков случај деновиве беше забележан и во новоизградениот парк во населбата Кузман, кој се наоѓа недалеку од училиштето, каде беше уништен тревникот.

A/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.