Хрватите плачат и плукаат по УЕФА за доделената организација на Супер Купот во Македонија

Хрватските медиуми ја бомбардираа УЕФА со негативни коментари за доделената организација на Супер Купот на Македонија.

Filip II arena skopje

“Некој “MНОГУ ПАМЕТЕН” во УЕФА одлучил утакмицата од Европскиот Супер Куп помеѓу Реал и Манчестер да се одигра во Скопје”, пишува хрватскиот портал Индекс.

 

“Инаку, овој потег на европската фудбалска унија би бил за пофалба, сметајќи дека добро е на помалите и посиромашни да им се даде шанса да се најдат на исто ниво како големите и богатите и во нивните држави да може да се одржуваат утакмици од највисок ранг”, додава порталот.

“Да се одигра ваков меч во Скопје за време на летна жега, е доказ за елементарна неукост и лошо планирање. Затоа што  Македонија во ова доба од годината е пекол на земјата. Таа е убава, но во лето треба да се избегнува”, завршува порталот.

Епа драги Хрвати “у вашем лепој” немате стадион од прв ранг, а УЕФА не дава организација на стадиони кои се за “сеоски фудбал”. Ви порачуваме да си ги соберете поганите усти, да изладите доволно пиво и да уживате во спектаклот кој ќе се случува денеска во Македонија, нешто што кај вас којзнае дали ќе се случи.

 

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.