Хојт Ји “избркан од работа” од Стејт департмент: “Големиот државник” сега е невработен?!

Брајан Хојт Ји повеќе не е на списокот вработени во Стејт департментот, а по сопственото излагање во интервју дадено за грчките медиуми, не е донесена никаква одлука за негово именување на функција амбасадор во некоја од Балканските држави.

Ји, по се изгледа моментално е невработен, пишува српски “Спутник”. Значи, сите ултиматуми, лекции и закани кои Ји ги изнесе на овие простори во последните години, иако се мислеше дека тоа го прави во име на американската администрација, по се изгледа не биле официјални ставови на Америка.

Прочуениот донесувач на уцени Хојт Ји исфрлен е од Стејт департментот! Ова го изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик, нагласувајќи дека овој Американец “ги лажел медиумите дека лично поднел оставка, со цел да не го изгуби кредибилитетот на моќен државник”.

“Тоа што тој го застапуваше не беа ставови на новата администрација, туку овде ја спроведуваше политиката на старата администрација и затоа во Америка го загуби кредибилитетот. Тој сега не е во никаков статус што се однесува на Стејт департментот. Е сега, дали ќе дојде во БиХ или не, јас не верувам. Но, тоа би го сакале Бошњаците, затоа што секогаш го бараше едно и исто – унитарна Босна”, изјавил Додик.

Целата сторија прочитајте ја на “СПУТНИК




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.