Хотел на Крим прогласен за најдобар на светот: Луксузот и погледот одземаат здив, а една ноќ во него може да си дозволи секој (ФОТО+ВИДЕО)

Мрија Ресорт и Спа на Крим е прогласен за најдобар туристички хотел и летувалиште според World Travel Awards, пренесува “Раша Тудеј”

Хотелот освои награда како водечки ресорт во светот. Руската компанија “Аерофлот”  е прогласена за најдобар бренд, а Санкт Петебург како најдобра туристичка дестинација.

Mрија Ресорт и Спа по прв пат ја освои оваа награда. Неговата конкуренција биле хотели во Дубаи, Доминиканска Република, Италија и Египет.

Светските туристички награди не прецизираат дали хотелот Мрија е руски или украински.

Хотелот е отворен во 2014 година. Одморалиштетот е оддалечено 30 км од Јалта и нуди 422 соби и вили од 270.000 метри квадратни.

Сопствениците планираат да изградат и винарија, училиште за винарство, ресторан за вино и фабрика за сирење во близина на хотелот.

Изминатата година, хотелот го посетиле повеќе од 100.000 гости и имал исполнетост на капацитетот од 83%. Една ноќ во овој хотел чини околу 230 долари.

Погледнете го видеото:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.