Демонстранти приврзаници на владата во Каракас насила влегоа во парламентот на Венецуела при што повредија пратеници. Според локални медиуми, најмалку четворица пратеници се потешко повредени.
Во парламентот на Велецуела мнозинство има опозицијата.
Демонстрантите запалија оган во предворјето на зградата на парламентот предизвикувајќи хаос, јавија локални медиуми.
Парламентот требаше денеска да има посебна седница по повод Денот на независноста.