Хамбургер и помфрит се најлошата можна комбинација, не ги порачувајте заедно – дури и два хамбургери се поздрав избор

Дури поздраво е да изедете два хамбургери, отколку хамбургер и помфрит

Можеби во прашање не е баш најдобар избор, но ако сакате да уживате во хамбургерите и да го зачувате вашето здравје, заборавете на помфрит.

Нутриционистот Емили Филд тврди дека нарачувањето хамбургер и помфрит е рецепт за пропаст.

Судејќи по неа, клучната работа кај секој оброк, па дури и кај оние кои не се здрави, е балансот на нутриенти, а една порција помфрит е богата со масти и јаглени хидрати, а речиси и да нема протеини.

“Ако избегнете, или ако го замените помфритот за уште еден хамбургер во познатите ланци за брза храна, речиси двојно ќе го зголемите количеството на протеини кое го внесувате, а значајно ќе ја смалите количната на масти”, тврди Емили.

Со оглед на тоа дека брзата храна е богата со масти и jаглени хидрати, а речиси и да не содржи протеини, одлуката да го избегнете помфритот ќе ви помогне да го урамнотежите нивото на шеќери во крвта.

Иако два хамбургери во познатите ланци за брза храна е значително покалоричен избор, истражувањето во списанието “Нутритивен Метаболизам” тврди дека балансот на  макронутриенти во оброкот се од суштинско значење за одржување на здраво ниво на шеќер во крвта.

 

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.