Страшна сообраќајна несреќа се случи попладнево на раскрсницата “Чумовчанец” во Прилеп.
Судрени се мотор и автомобил “фиат пунто”, при што од ударот две млади лица кои се возеле на моторот се здобиле со тешки повреди, велат очевидци и истите се пренесени во општата болница “Борка Талески” во Прилеп.
Очевидци говорат дека на лицето кое управувало автомобилот “фиат пунто” му откажале сопирачките, и тоа го опишуваат како главна причина за настанатата несреќа.
Полицијата врши увид на лице место и ги утврдува точните причини за настанатата несреќа.