ХОРОР НОЌ ВО ОХРИД: Градот под вода, отсечен стариот пат кон Струга, лоша состојбата и со Црн Дрим (ВИДЕО)

Силниот ветер од циклонот “Алексеј” кој беше најавен долж Охридско-струшкото крајбрежје и вечерва предизвикува големи бранови во Охридското езеро – пренесува порталот “ОhridNews”.

Фото/printscreen

Како што дознава OhridNews, исклучително загрижувачка е состојбата со колекторскиот систем кој е пред колапс. Поради зголеменото ниво на подземни води колекторот не може да ги преработува отпадните води и практично тој не функционира.

Според информациите стариот патен правец Охрид-Струга, во близина на аеродромот е пополнет со вода и ѓубре кои го исфрлаат големите бранови од езерото.

Што се однесува пак до испустот на Црн Дрим истиот е само делумно отворен и недоволно за да се испушти потребната количина и да се спречат штети на крајбрежјето.

На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои се гледа дека езерото веќе ги надминува сите квоти, и започнало да влегува во угостителските објекти долж кејот на езерото во Охрид.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.