ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА: Тројца мигранти уапсени поради канибализам – јаделе месо од жив човек!

Француската полиција го истражува инцидентот во кој тројца мажи биле уапсени поради канибализам. Тројцата осомничени потекнуваат наводно од Зеленортските Острови, островска држава сместена на северозападниот брег од Африка.

Четворица мажи се расправале за пари во апартманот “Клиши су Боа” во предградието на истокот од Париз во неделата, пренесувам “Паризиен”.

Kaвгата преминала во тепачка, а тројцата, наводно, го нападнале четвртиот и во тепачката му ги одгризале долната усна и увото. Жртвата на нападот успеала да побегне и повикала помош.

Кога полицијата стигнала на местото, ги уапсила тројцата напаѓачи поради канибализам, а еден од нивм заедно со жртвата на нападот, е пренесен во болница.

Полицијата започнала истрага, но не можеле да ги пронајдат деловите од телото кои биле одгризани од жртвата, пренесуваат француските медиуми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.