Во Бразил е упасена жена обвинета за убиство на тинејџерка која била во осмиот месец од бременоста. Кога ќе видите кој и бил методот и мотивот за да го изврши убиството, ќе ви замрзне крвта.
Алин Роберта Фагундес (37) била соседка на тинејџерката Габриела Бриселос Силва (18). Таа ја намамила Габриела да појде во нејзиниот дом велејќи и дека ќе и даде облека за бебето. И понудила кафе и сок во кои турила непознати супстанци, а потоа ја задавила тинејџерката, па извела царски рез и го извадила бебето.
Телото на девојката било пронајдено во дворот, ставено во душек.
Алин била уапсена и своето дело го признала пред полицијата. Рекла дека неодамна имала спонтан абортус во кој изгубила близнаци, а поради тоа партнерот ја оставил. Таа го лажела дека едното бебе преживеало. Сакала по секоја цена да има бебе.
Бебето од Габриела преживеало и сега се наожа во болница.