ХИТ:”Нов милионер типер во Прилеп освоил минимум 240.000 евра со 300 денари???”

Како што дознаваме Прилеп денеска доби нов милионер!!!

За вложени 300 денари на 7 тикети, засега непознат прилепчанец добил 235.000 евра од обложувалниците на “Моцарт”.

Според тоа што се зборува низ прилепската чаршија, среќниот добитник своите тикети ги продал за споменатата сума пари, а потенцијалната добивка на истите изнесува околу 600.000 евра.

Од вкупно 23 одиграни парови, овој наш сограѓанин погодил 21 пар, пред да ги продаде тикетите, на кои за остварување на вкупната добивка се чекаат вечерашните парови од Лигата на шампиони, кои моментално се играат.

За да се оствари целосната добика потребно е Севиља-Манчестер Јунајтед да заврши со победа на гостинот или нерешено, и Шахтјор-Рома да заврши со 2-5 постигнати голови.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.