Фудбалскиот Синдикат и ФФМ го посетија Венцо Симоновски: После 4 години одново ќе светне светилка во неговиот дом

Откако медиумите објавија во каква состојба се наоѓа Венцо Симоновски, поранешниот играч на Вардар и дел од златната генерација на македонскиот шампион, денеска во посета во неговиот дом во Делчево пристигна првата помош од Претседателот на фудбалскиот Синдикат, Панче Ќумбев и претставникот на ФФМ, Саша Ќириќ.

После 4 години во неговиот дом одново ќе светне светилка, а помош за него ќе се собира и од фудбалските ветерани.

Ќумбев на својот Фејсбук профил објави фотографии од средбата со Симоновски и напиша:

“Денес бевме во Делчево во посета на Венцо Симоновски. Јас како преставник од Синдикатот на фудбалери на Македонија и Саша Ќириќ како преставник од Фудбалска Федерација на Македонија.

Кичо се наоѓа во многу лоша здраствена и финансиска состојба.По разговорот со неговата снаа за брат која се грижи за него добивме информации и насоки на кој начин да му помогнеме.

Со Саша планираме во најскоро време да ги собереме фудбалските ветерани и сите оние кои што сакаат да помогнат и да собереме средства за реновирање на куќата на Кичо и купување неопходни апарати за домаќинство.Во меѓувреме јас и Саша го подмиривме долгот кон ЕВН и после 4 години Кичо повторно ќе има струја во својот дом.

Од страна на Ффм Кичо доби комплет спортска опрема.

P.s Кичо праша за сите свои поранешни колеги и прати поздрав за сите”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.