Обилните врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден придонесоа до излевање на реката Вардар во Скопје.
Од УХМР предупредуваат дека релативно високи водостои на реките низ Македонија се очекуваат и наредниот период.
Оттаму предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците во сливовите на реките Треска, Вардар во Гостиварско и Тетовско, Црна во Крушевско, Прилепско и Битолско, Сатеска, Радика, Црн Дрим, Преспанско.