Фото: Му рекла дека чекаат пет деца – на породување животот целосно му се срушил

Пол Серват од Америка го доживеал најголемиот шок во животот кога неговата девојка му кажала дека е бремена и тоа со петорка. Тој бил пресреќен и веднаш почнал да подготвува соба за малите бебиња кои биле на пат.

Најпрво девојката со која бил два месеци и се за познал едно лето, тврдела дека чека близнаци, па четворка, па на крај петорка. Тој останал позитивен и целата енергија ја насочил кон тоа дека ќе биде татко.

Сепак, се тргнало на лошо и тој никогаш не ги држел во рака бебињата, но не поради трагедија на породување, туку бидејќи девојката лажела дека е бремена.

Светските медиуми пренесуваат дека сестрата која требало да ја породи неговата девојка го тргнала на страна и му рекла дека таа не е бремена. Таа имала фантомска бременост и требало да биде под психијатриски надзор.

Таткото многу жалел, па решил да ги донира сите нешта за бебињата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.