СДСМ вечерва одржа митинг во Прилеп и доживеа големо разочарување. Плоштадот “Методија Андонов – Ченто” беше очигледно преголем залак за партијата на власт. И покрај тоа што целиот булевар беше паркиран со возила од други градови, СДСМ и Заев не успеаа да направат поголем исчекор во Прилеп.
Празните ветувања за повисоки субвенции, плати, пензии, стипендии и што ли уште не, како и најавената двојазичност во градот во кој не живее албанско население, си го направија своето. Прилепчани му свртија грб на Зоран Заев и нивниот кандидат за градоначалник Илија Јованоски, кој во изминатите 3 недели секојдневно ги потценуваше со мегаломански ветувања, без програма, без рокови, без наведени средства за изградба.
Капак на се беше вчерашното бламирање пред спомен обележјето во месноста “Песјобрдце”, каде од СДСМ изјавија дека народноослободителната борба започнала на 11 Октомври 1944 година.