Најголемата социјална мрежа започна да воведува низа интересни новости се со цел да не развесели и забавува во текот на претстојните празници.
За празничниот период кој е пред нас, Facebook подготви низа нови и практични опции.
Веројатно, најпрактичната опција помеѓу нив се т.н. дигитални честитки кои може да ги испратите на пријателите и семејството со цел на еден креативен начин да им ги честитате новогодишните и божиќните празници. Нив може да ги украсите со посебни фотографии и пораки, како и новогодишни ѕвезди.
Новите опции воглавно ја користат на различни начини апликацијата Facebook Camera, а Facebook ќе додаде и посебни стикери и ефекти во живо за одбележување на Нова година и Божиќ.
Во видео четот на апликацијата Messenger од 22-ри декември ќе можете да додавате филтри со Дедо Мраз и Рудолф, како и разнобојни божични елементи.
Од 28-ми декември ќе имате можност да ги видите фотографиите на вашите пријатели во форма на колаж со помош на новото издание на опцијата Memories, со чија помош ќе може да фрлите поглед на најважните работи кои им се случиле на вашите пријатели во последните неколку месеци наназад.
За оние кои новогодишната прослава ја чекаат со многу поголем ентузијазм во однос на Божиќ, Facebook ќе додаде посебни ефекти за емитување во живо како што се дигитални наочари и шешири.
Последната новогодишна опција од Facebook може да ја очекувате на 4-ти и 5-ти јануари.