Откако вчера осамнаа на споменикот на Крал Марко, денеска кукасти крстови исцртани и на прилепскиот Участок.
Два дена по ред некој го уништува културното наследство во Прилеп и изиграва нацист.
Во последно време зачестија ваквите појави на уништување на спомениците на културата во градот под Марковите Кули, а сторител не е откриен ниту за скршеното копје на споменикот од Александар Македонски.