Брајан е четврт пат со ред носител на титулата “најсилен човек во светот”. Тој со своите 35 години е во животна форма. Поради неверојатната сила која ја поседува, но и поради “страшниот” изглед, го добил надимакот “Човек планина”, а ние мора да се сложиме дека оваа титула целосно му одговара.
За да го задржи својот надимак и импресивната физичка кондиција, Брајан Шо дневно внесува по 12.000 калории. Пред две години внесувал по 10.000 калории, но сега одлучил дека му е потребно повеќе храна за да го задржи нивото на сила кое го поседува.
Доручекот на овој човек содржи минимум 8 јајца, а понекогаш се случува да бидат и повеќе. Покрај неверојатниот доручек, Брајан има уште 6 високо калорични оброци, а во текот на денот внесува повеќе од еден килограм месо.
Ф.Г.