(ФОТО+ВИДЕО) Спектакуларни снимки! Леденото доба пристигна во Москва! За 24 часа натрупал снег кој не се памети 60 години

Еден маж го загубил животот, а 5 луѓе се повредени во Москва за време на најголемата снежна бура која некогаш е запомнета откако се води евиденција. Силни врнежи од снег се очекуваат и денеска.

Во руската престолнина за 24 часа наврнале 43 центиметри снег, што е повеќе од половина од она што паднало за цел месец, со што е соборен рекордот од 1957 година, соопштила Националната метеоролошка служба.

На московскиот аеродром десетици летови доцнеле, а повеќе се откажани. На улиците има толку многу снег што градските власти ги советувале возачите да не излегуваат со автомобили доколку не е неопходно.

Поради силното невреме, присуството во училиштата денеска не е задолжително, а околу 20.000 жители во останатите градови на Русија останале без струја.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.