Страшно невреме предизвика голема поплава во село Порој во општина Теарце. Ситиацијата на терен е алармантна, а граѓаните очекуваат помош од новиот Премиер на државата Зоран Заев.
Ова не е прв случај вакви големи поплави да ги зафатат населените места околу Тетово. Последната катастрофална поплава која го зафати Порој, Шипковица и Голема и Мала Речица, беше во август 2015 година, кога за несреќа одзеде 6 жртви и имаше многу повредени и евакуирани граѓани.
Тогашниот премиер на државата Никола Груевски експресно ги посети жителите на тетовско, а максимално беа активирани сите служби и припадниците на Армијата на Република Македонија.
Груевски тогаш директно од терен се информираше од граѓаните и пружаше секаква помош, со цел да се овозможи чиста вода за жителите на овие села и да се врати животот во нормала.
Сега граѓаните повторно бараат помош и го очекуваат новоизбраниот Премиер Зоран Заев.
А.Г.