(ФОТО+ВИДЕО) Го срушиле ѕидот на куќата за да изнесат жена тешка половина тон: Нејзината приказна ќе ве расплаче

Аргентинските пожарникари биле приморани да го срушат ѕидот од куќата на една Аргентинка за да ја пенесат жената во болница, чија тежина изнесува 490 килограми, пренесуваат локалните медиуми.

32-годишната Изабела Амарал, која живее во Росарио – 340 км северно од Буенос Аирес, од куќата ја изнесле на кревет прицврстен за камион.

Изабела со години живее “заробена” во креветот, а на поголемиот дел од телото повеќе не чувствува ништо. Поради тоа на нозете и се појавиле тумори.

“Секогаш бев дебела. Го напуштив училиштето поради дискриминацијата која ја трпев. Подоцна го продолжив образованието со цел да станам некој и нешто во животот. Денес мислам дека тоа е невозможно”, рекла Изабела за аргентински весник.

Пред осум години, Изабела имала 130 кг., а после смртта на нејзиниот татко паднала во депресија.

“Сакам да се лечам и сакам да живеам”, рекла таа пред да ја однесат во болницата во Росарио

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.