(ФОТО) “Шахпаска горда на двојазичноста живее во Скопје и не знаела дека куќата и ја чува цела гарда од МВР?!”

Пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска, изјави дека нема од што да се плаши и дека таа не побарала полициско обезбедување, откако во средата во тензична атмосфера беше изгласан законот за јазиците.

„Нема од што да се плашам, не барав, ниту имам полициско обезбедување. Ние веруваме во едно општество за сите. Немавме никакви препораки да седиме дома, јас немам од што да се плашам. Два дена останав во Скопје, а баш вчера бев и на кафе со колешки“, вели Шахпаска во изјава за Макфакс по информациите дека некои од пратениците имале препораки да седат дома и по палењето на автомобилот на пратеничка од парламентарното мнозинство.

Таа рече дека Иванов е должен да го потпише указот за законот за јазиците според члено 75 од Уставот.

Сепак, иако пратеничката изјави дека не побарала и нема полициско обезбедување, на социјалните мрежи се појави фотографија од пред нејзиниот дом во Берово, каде според тоа што го пишува, полицијата засилено го обезбедува домот на пратеничката од СДСМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.