ФОТО: Се враќа легендарното Фиќо

Компанијата “Сеат” на саемот за автомобили во Барселона ќе го претстави моделот 600BMS кој всушност модерна верзија на Фиќо.

SEAT-600D

„Сеат“ најави дека кон крајот на идната недела ќе го претстави ретро концептот на 600 BMS инспириран од оригиналниот модел 600 кој овој месец слави 60 години од претставувањето. Сеат 600 беше првиот шпански народен автомобил, лиценцирана копија на Фиат 600, истиот автомобил на чија основа настана и Фиќото.

Со оглед на тоа дека Сеат 600 и Застава 750, односно Фиќо беа речиси исти автомобили, Сеат со овој потег ќе ги разбуди спомените на најпопуларниот народен автомобил.

seat-600-bms-fico-768x433

Сеат 600 се произведуваше од 1957 до 1973 година. Минијатурниот автомобил со место за четири патници и две врати беше долг само 332 сантиметри, а тежок 580 килограми. Произведени се 797.319 Сеат 600.

СЕАТ 600 (1957-1973)

seat_600_2-750x500

Застава 750, односно Фиќо беше напреден модел од Сеат 600. Се појави две години порано, во 1955 година, а на пазарот се задржа 30 години, односно до 1985.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.