Доскорешниот Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, Самка Ибраимовски, забележан во обложувалница како “удира” на апаратите од Државна лотарија, пишуваат корисниците на социјалните мрежи.
Иако “дојде животот” еден џек – пот не би бил на одмет, само прашање е дали Ибраимовски го брка џек-потот или игра на ситно.
Инаку Ибраимовски во изминатиот период неколку пати го гледаме во друштво со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски како ветуваат дека ќе ги решат сите проблеми на Ромите во населбата “Три багреми”.
Па, добро би било доколку добие џек-пот парите да бидат вложени за струја и вода за граѓаните кои ги застапува.