(ФОТО) “СПАСЕТЕ МИ ГО ДЕТЕТО”: Мајка го фрлила своето бебе од десетти спрат од опожарената зграда, а потоа се случило чудо

1211739_pozar-london_ls-s

Додека лондонскиот облакодер од 27 ката горел, очевидците го опишувале стравичниот настан. Од зградата се слушале страшни звуци, луѓе скокале од прозорци, а една мајка од десетти спрат го фрлила бебето во обид да го спаси. За среќа, бебето го фатил некој од луѓето кои стоеле пред зградата.

“Луѓето започнаа да се појавуваат на прозорците и да врескаат, а една жена со гестикулација најави дека ќе го фрли бебето, молејќи некој да го фати… Еден човек се стрча и успеа да го спаси”, вели очевидецот Самира Ламрани.

Како што наведуваат луѓето кои стоеле пред зградата, се обиделе да ги смират станарите кои останале заробени внатре, говорејќи им дека службите прават се што можат.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.