Ако пред два дена се загриживме дека летото и сонцето не напуштија, денеска топлото време се врати, а некои прилепчани одлучиле за тоа да прослават со “пена парти” .
Фонтаната во паркот околу зградите на улицата “Димо Наредникот” послужила како извор на забава.
Ете и ова се случува во град кој ужива во летниот дух.
Автор: Димкоски Душко