ФОТО: Последниот статус на скопјанецот кој вчера загина кај Драчево

Трагедија вчера ја потресе Македонија кога во 14:45 часот во близина на Драчево се случи сообраќајка на крстосницата со булевар „Борис Трајковски“ и патот за село Батинци, пред мостот кај Маркова река.

Товарно возило марка „Mерцедес“ управувано од И.И. од село Чифлик удрило во 30-годишниот велосипедист Н.М. од Пинтија, кој за жал и покрај напорите на лекарите на КАРИЛ, почина во 16 часот.

Дента пред да загине во страшната несреќа, младиот Н.М. на својот Твитер профил објавил фотографија поврзана токму со брзото возење.

-Паметна работа од хрватски автопат, со памет, стои во неговата објава.

Сочувство до неговите најблиски, нека почива во мир.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.