(ФОТО) ОВА СЕ БИТКОИН МИЛИОНЕРИТЕ: Вложиле малку пари, а денес живеат во луксуз

Биткоин треската сеуште го тресе светот. Иако многу луѓе сметаат дека криптовалутите се голема измама, факт е дека некои луѓе заработија богатство на тој начин.

Поранешниот градежен работник Даниел Колоси минатата година вложил 5.000 долари во криптовалути. За само неколку месеци заработил 200.000 долари, а се проценува дека овој вид на работа ќе го направи милионер до 2019 година.

Whether you think you can or you can’t, you’re right. . Over the last couple of weeks the universe has thrown about 10,000 hurdles at me. . It’s hard to stay positive all the time, especially when the universe tests you, but being able to step into the emotions that come with struggle and accepting it is hard, but I’ll keep moving forward one step at a time… that’s where greatness comes from. . You can’t change things that are out of your control, but you can control how you handle them. . Every challenge is making you wiser, stronger & more appreciative of everything you have and will have in the future. . Without failure and struggle you can’t develop the same level of appreciation, gratitude, fulfilment, compassion & humbleness as if it was all given to you on a silver platter. . Time to ride the roller coaster, re-access and move forward with smiles. . #Gratitude #Greatness #Appreciation #HardWork #Entrepreneurship #GratitudeForTheStuggles #Entrepreneurship #FailForward

A post shared by Daniel Colosi (@daniel_colosi) on

Очекувано, дел од парите кои ги заработи од криптовалутите ги потрошил во патување, а планира да се пресели во Тајланд.

Ерик Финман во 2011 година инвестирал 1.000 долари кои ги добил од неговата баба за дванаесеттиот роденден. Според вредноста на криптовалутите денес, тој поседува 4 милиони долари.

Friend: Cash will always beat Crypto. Me:

A post shared by Erik Finman (@erikfinman) on

Финман се договорил со родителите, ако стане милионер до 18 години да не оди на факултет. Се збогатил толку брзо што родителите му дозволиле да го напушти и средното школо.

Еди Зилан одлучил својата заштеда од 12.000 долари да ја вложи во криптовалути. Три години покасно, на сметката има милион долари.

It was all once a dream.

A post shared by Eddy Zillan (@eddy_zillan) on

Потоа ја отворил компанијата “Cryptocurrency Financial”, специјализирана за советување во врска со криптовалутите.

Можеби веќе ви се познати браќата Тајлер и Камерон Винклвос. Тие своевремено го тужеа и Марк Цукенберг поради наводно крадење на идеата за Фејсбук. Бидејќи тоа им пропадна, беа од првите луѓе кои вложуваа во криптовалути. Со оглед на вредноста на биткоинот, близнаците станаа први биткоин милионери во светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.