Наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп илјадници припадници на националната гарда да се распоредат долж границата со Мексико, не ги запре одлучните мигранти во намерата да стапнат на американско тло. Ѕидот висок 6 метри очигледно нема да биде доволна препрека.
Од Ново Мексико стигнуваат фотографии кои се јасен доказ за тоа дека младите луѓе си помагаат еден на друг за да ја прескокнат старата метална ограда која ги раздвојува Хуарез и Санленд Парк.
Целата операција траела пократко од 2 минути.