Бруталното и крваво “паѓање” на Гадафи во 2011 година го започна меѓународниот лов на неговото богатство. ООН објавија извештај дека богатството на Гадафи е скриено на различни делови од Африка. Панел од експерти објавија извештај од 299 страници за хаосот кој владее во “постгадафиевата Либија”. Во извештајот меѓу останатото има документи, фотографии и интервјуа во кои детално е наведено како богатството на Гадафи е преместувано на целиот афрички континент.
Со години се слушаат приказни како неговите милијарди евра, најмалку шест милиони карати дијаманти и неутврден број на златни полуги се скриени во Јужна Африка. Се верува дека 18 милијарди евра се скриени во четири банки, додека остатокот од богатството е сокриено во различни бункери и складишта околу Преторија и Јоханесбург.
Ф.Г.