Пет мажи во сибирскиот град Ангарск цели две години копале тунел за да крадат нафта, но кога стигнале на само три метри до целта биле фатени од полицијата и целиот труд пропаднал во вода.
Според извештајот на полицијата, тие ископале 125 метри со лопати, но пред самиот крај биле уапсени.
Полицијата пронашла пумпи, метални цевки, но и останати алати потребни за вадење нафта.
Лидерот на оваа петорка моментално е во куќен притвор, а се очекува да добие казна од 6 години затвор.