(ФОТО) Единствениот пат кој ги поврзува Северна Кореја и Русија изгледа вака

Северна Кореја е најтаинствената земја во светот, а се граничи со Кина, Јужна Кореја и Русија, со која дели 17 км долга гранична линија.

За разлика од Кинезите, Русите му дозволиле на “Гугл” да постави камери на границата во приморската покраина и да ги снима границите на двете држави.

 

Спојка помеѓу Северна Кореја и Рустија е “Мостот на пријателството”, под кој тече реката Тумен. До овој мост води патот “Линејна улица”.

Во оваа област има малку активности, судејќи според фотографиите од 2013 година. Оваа делница на патот во Русија е опкружена со зеленило, а истото е и на севернокорејска страна.

По патот се наоѓа интересен премин со две мали кули и куќичка како од бајките.

Последниот објект до кој може да се дојде е една мистериозна куќичка на аголот, а малку понатаму е “Мостот на пријателството”. Понатаму е веќе Северна Кореја.

Границата е добро обезбедена од двете страни, а пребегувањата од Северна Кореја ги има многу малку. Пребегувањата се побројни на кинеска страна бидејќи таму водите се поплитки и теренот е попристапен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.