Срамна слика на влезот од Прилеп кај хотел Салида ги пречекува посетителите.
Ѓубре од секаков тип расфрлано низ околината. Шишиња, пластика и градежен шут ги прчекуваат сите оние кои влегуваат во градот под Марковите кули, кој од најчист и најуреден во целата држава, за само 6 месеци го изгуби тој примат.
Вакви фотографии секојдневно пристигнуваат до нас, а граѓаните се револтирани што веќе никој не води грижа за градот во кој беше незамисливо да се види вака расфрлан отпад.
Зошто оддеднаш се’ се промени и зошто градските власти не преземаат ништо?! – е прашањето кое ги мачи прилепчани.
На само 30-тина метри од влезот има куќи, па жителите од оваа населба секојдневно се соочуваат со оваа грозна глетка.
Прилепчани се сеќаваат на сликата од нивниот град која за само 6 месеци од доаѓањето на новите локални власти полека бледее.