Езерото Карачај кое се наоѓа во јужен Урал, познато е од 18 век, и претставува најзагаденото место на цела планета. Кој би рекол.
Пристапот на ова езеро е забранет, па капењето, ловењето и останатите активности овде треба да ги заборавите.
Во 90-тите години на 20 век, радијацијата на езерото била толку многу голема што само еден час стоење на брегот би можел веднаш да ве убие.
Но зошто е толку опасно ?!
Индустриското постројување “Мајак”, еден од најголемите нуклеарни објекти во СССР, започнал со складирање на нуклеарен отпад во езерото.