Прилепскиот прволигаш од денес во своите редови и официјално го има 21-годишниот дефанзивен играч од средината на теренот Благојче Спиркоски.
Спиркоски кариерата ја започна во 11 Октомври потоа настапуваше за Турново, а во Победа доаѓа од второлигашот Еуромилк каде беше стандарден првотимец.
Со неговиот ангажман клубот ја продолжува стратегијата за враќање во градот на сите талентирани фудбалери кои ќе го носат дресот на прилепската гордост ФК Победа.