“Утре камен темелник: Трета фабрика во зоната Алинци – дело на ВМРО-ДПМНЕ, 3000 нови вработувања”

tirz-objekt1

Утре во Прилеп ќе се стави уште еден камен темелник во технолошко-индустриската зона Алинци. Станува збор за германската компанија “Вик”, која во Прилеп ќе произведува апарати за домаќинството.  Тоа ќе биде првата еколошка или „зелена фабрика” во Македонија. Капацитетот ќе се простира на 10.000 м2, а почетната инвестиција ќе изнесува околу 12 милиони евра.

19894295_10211658588571922_1232221339_n

Покрај “Гентерм” и “Акомпласт”, ова ќе биде трета странска инвестиција на комплетната инфраструктура во зоната Алинци. Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во зоната вложи над 2,2 милиони евра за изградба на асфалтни улици, водоводна и канализациона мрежа, довод за електрична енергија, оптички кабли за интернет и сé она што е потребно за нормално функционирање на зоната.

Genterm_vo_ofanziva

tirz-objekt3

Овие фабрики се токму дело на претходната влада и нејзините заложби преку роуд – шоуа да привлечат странски капитал во технолошко-индустриските развојни зони, кои денес значат егзистенција и вработување за илјадници, илјадници граѓани ширум државата.

Во Алинци веќе се ангажирани повеќе од илјада работници во американскиот гигант во автомобилската индустрија “Гентерм”, кој инвестира 20 милиони евра. Со отворањето уште на две нови хали, тенденцијата е да се вработат околу две илјади луѓе. И германската компанија “Акомпласт” вложи три милиони евра, каде треба да се вработат околу 250 лица. И Германците планираат да градат уште две нови хали. Во Прилеп влезе уште еден огромен светски бренд.

Тоа е “Филип Морис”, кој направи стратешко партнерство со Тутунскиот комбинат. Се отвори новото претпријатие “Филип Морис – Тутунски комбинат” Прилеп, со кое се постигна стабилизирање на Комбинатот.

Прилеп е вистински пример во државата каде локалните власти и државата беа посветени во заедничко делување на планот на  економски раст и отварање на нови работни места.

Со 27 милиони денари на локалната самоуправа се изгради поголем дел од инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1. Градот доби и грант од 124 илјади евра од Светската банка. Продадени се 21 локација. Две компании веќе ги изградија халите, ги ставија во погон машините и ангажираа работници. Уште десетина фирми се во поодминат тек на градба на своите капацитети. Се очекува да најдат работа над 1500 невработени.  Во зоната Прилеп 2 веќе се продадени пет локации од кои четири за помали економски капацитети, кои ќе овозможат нови вработувања. Во фаза на продажба се уште неколку плацеви.

6517-zapocna-so-rabota-i-stara-furna-vo-industriskata-zona-prilep-1-960x600-2

19894145_10211658589171937_1281869024_n

Исто така во Прилеп се отвори и фабриката “Бимфуд”, за преработка на печурки, овошје и зеленчук, a свое производство започна и  италијанската компанија “Бузи и Бузи”.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.