“Утре Прилеп требаше да добие ново училиште?!” (ФОТО)

Училиштето во урбаната заедница “Сточен пазар”, околу кое гравитираат населбите “Сточен пазар” и “Жабино маало”, a кое го градеше претходната локална самоуправа, денеска требаше да биде отворено.

Инвестицијата за училиштето изнесуваше околу 10 милиони денари, од кои 7 беше предвидено да бидат за градба, а околу 3 милиони денари за внатрешно опремување. Средствата за училиштето целосно беа обезбедени од буџетот на локалната самоуправа.

Планирано беше училиштето да го носи името на светецот заштитник на градот – Св. Никола и да биде наменето за деца од 1 до 5 одделение.

Ова училиште се градеше по барање на жителите на овие две населби, бидејќи сега децата кои живеат тука мораат да патуваат до ООУ „Рампо Левката“ или до ООУ „Климент Охридски“.

Според информациите кои ги добиваме, училиштето сеуште не е доградено, па неговото отварање ќе почека или можеби никогаш нема да се случи.

Актуелниот градоначалник Илија Јованоски, во предизборната кампања го критикуваше овој проект и не спомна ништо за негова доизградба. Граѓаните реагираат и прашуваат дали токму новата локална самоуправа ја запре изградбата на овој значаен објект за овие две населби?

Сега засега, најмалите од оваа населба ќе продолжат да посетуваат настава во гореспоменатите училишта кои се оддалечени повеќе од 2 км од нивните домови.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.